Во вкупната невработеност, младите до 29 години учествуваат со 22,9%

18.09.2017 15:50

Младите до 29- годишна возраст учествуваат со 22,9 проценти во вкупната невработеност. Иако последниве години невработеноста на оваа категорија луѓе е во благо опаѓање, креаторите на политиките на активните мерки за вработување сметаат дека 35 % буџетска извршност е ниска стапка. На располагање ставаат нов оперативен план кој ќе овозможи полесен пристап на младите до активните мерки за вработување.

По процентот на младинската невработеност сме дел од земјите лидери во Европа. Околу една четвртина од вкупната ставка на невработени отпаѓа на лицата до 29- годишна возраст. Еден од нив е и битолчанецот Дејан Трајковски. Близу пет години активно бара работа. Вели дека досегашните активни мерки не биле лесно досапни. Нова можност гледа во новиот оперативен план на активни мерки и проекти.

„Очекувам со новите мерки на Владата да се надминат проблемите и полесно да ги почуствуваме придобивките. Тоа ќе значи младите да можат да обезбедат егзистенција, да се намали стапката на невработеност, но и спречи иселувањето на младите“- вели Трајковски.

За малата искористеност на досегашните активни мерки потврдува и мониторингот на целава земја на Младинскиот кутурен центар за првиот квртал од годината, како и само 35 процентната буџетска извршност на активните мерки. Велат дека се детектирани низа слабости.

„Има проблеми при самата промоција на мерките, потоа административни мерки и процедури и нелогични барања кои младите не можат да ги исполнат“, вели директорот на битолскиот МКЦ, Зоран Талевски.

Креаторите на политиките за вработување со нов оперативен плн кој, како што велат ги отстранува ваквите пропусти и се ревидираат сите активности што се преземаат од моментот на планирање до реализација на мерките.

„Без разлика дали се работи за мерките кои доведуваат до директно вработување кај работодавач или се работи за мерки на обука, практиканство и стекнување на вештини кои младите треба да ги вратат на пазарот на трудот“, вели в.д. деректорката на АВРМ Билјана Јовановска.

Оперативен план ќе стартува од почетокот на идната година, а до крајот на тековната младите можат да аплицираат на мерките од ревидираниот план. Деновива стартуваат старт-ап бизнисите, огласот за подршка на растот на микро, мали и средни претпријатија, а веќе тече предвидениот оглас преку локалните самоуправи.

Стевче Митревски