Прв академски час на Факултетот за безбедност во Скопје
На Факултетот за безбедност годинава се запишани 280 нови студенти. Министерот за внатрешни работи Спасовски нагласи дека МВР ќе остане отворено за соработка со факултетот.

„Голема привилегија е да се биде студент на Факултетот за безбедност во Скопје и јас верувам дека го направив вистинскиот избор“, вели најдобро рангираниот студент, Моника Тодорова која е ослободена од трошоците за студирање. Се надева дека таа и колегите во иднина со нивното етичко работење ќе бидат доследни на овој универзитет, доследни борци против криминалот и чувари на безбедноста, стабилноста и на мирот.
Факултетот за безбедност е формиран 1977-ма година, како единствена институција од областа на безбедноста. Дипломираните студенти биле и сѐ уште се столбот на безбедносните системи и демократските вредности, рече деканот Дујовски. Тој потсети дека во четиридеценискиот развој, факултетот оставил силен белег во развојот на науката за безбедноста, преку организирање на додипломски, постдипломски и докторски студии. Со порака до студентите, за успешна академска година и ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола.
Министерот за внатрешни работи, Спасовски во своето обраќање до студентите и професорите нагласи дека МВР ќе остане отворено за соработка со факултетот.
Факултетот за безбедност во скопје оваа година збогатен со 280 нови студенти. На првиот академски час беа доделени и благодарници на поранешни декани на факултетот кои оставиле добро наследство во насока на развивање на науките од областа на безбедноста. Благодарници беа доделени и на институции и поединци, меѓу кои и на ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола.
Ана Јосифоска- Тодоровска
