Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

19.09.2017 08:46

Од ДИК ги покануваат овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи кои ќе учествуваат на Локалните избори 2017 година да учестваат во жребувањето, а со себе да понесат овластување од подносителот на листата.

Жрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати - редоследот на гласачките ливчиња ќе се одржи денеска во 12 часот, соопшти Државната изборна комисија.

Од ДИК ги покануваат овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи кои ќе учествуваат на Локалните избори 2017 година да учестваат во жребувањето, а со себе да понесат овластување од подносителот на листата.

Жрепката ќе се одржи во просториите на Државната изборна комисија.

Листа на кандидати за членови на совет и листа на кандидат за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини.

Редоследот на кандидати во листата ДИК го утврдува со жрепка и тој е ист во сите општини, а во општината каде нема да има свој претставник соодветниот број на подносителот ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место.