Денеска ново задолжување од 60 милиони евра

19.09.2017 11:10

Утре, според Министерството, по основ на доспеани обврски, државата треба да ја врати истата сума пари.

Државата од домашните банки, осигурителни друштва, денеска ќе побара заем од приближно 60 милиони евра, објави Министерството за финансии.

Утре, според Министерството, по основ на доспеани обврски, државата треба да ја врати истата сума пари.

Ова е второ задолжување во овој месец. Новата власт ги скрати домашните задолжувања од 4 на 2 месечно. Според најавите од Владата, годинава не е предвидено задолжување на домашниот пазар.