Ракомет

Потребни два ”црвено-црни„ бода

15.02.2014 14:49

Два скопски бода за понезжата вардарова половина ќе значат, ајде ако не сигурна ракометна фајнел-фор завршница, ама чекор со една нога сигурно.

Треба да се збрише дански Митјиланд, тим кој ни малку не е за потценување и тим кој исто како и наш Вардар СЦБТ во групата 1, влезе како носител од прелиминарниот дел.

Ќе гризат данските ракометарки во Скопје, од проста причина што самите си се доведоа во незавида позиција по поразот од Турингер во Германија.

Од друга страна Сафехоф по ремито дома со нашите шампионки, си отворија шанса за бркање на второто место.

Значи сите 4 тима си гаат надежи за мајска завршница во Будимпешта. Во таа мртва трка девојките на Кастратовиќ ја имаат предноста, со бод плус (3) од останатите три екипи.

Вечерва, 18 часот арена ”Борис Траковски„.... Вардар СЦБТ-Митјланд.