Судири на протестен марш против неонацистите во Атина
Павлос Фисас беше усмртен од симпатизери на неонацистите, односно приврзаник на „Златна зора“, по што во земјата почнаа серија протести. Се уште трае судењето против членовите на оваа партија.

Грчката полиција се судри со група демонстранти во протестен марш организиран во знак на сеќавање на музичар и активист убиен пред четири години. Павлос Фисас беше усмртен од симпатизери на неонацистите, односно приврзаник на „Златна зора“, по што во земјата почнаа серија протести. Се уште трае судењето против членовите на оваа партија.
„Ова не е политичка партија. Канцелариите се користат за подготовка на расистички напади. Од Грција до Америка, овде сме да им порачаме дека ќе ги уништиме фашистите.“
„Сите треба да им се спротивставиме на нацистите. Тие напаѓаат насекаде. Мора да се обединиме и да дадеме пример за антифашистичко движење на светско ниво“- велат демонстрантите.
Грчката полиција регистрирала најмалку 27 апсења за напади кон мигранти или бегалци мотивирани од расна омраза.
