Каталонија ќе осиромаши ако се одвои од Шпанија
19.09.2017 11:39
Независна Каталонија би била надвор од Еврозоната, со што за 75% од производите би се применувала царина...

Каталонија ќе доживее невидена сиромаштија ако се одвои од Шпанија, изјави министерот за економија Луис де Гуиндос, алудирајќи на референдумот за независност.
Потенцира дека бруто домашниот производ ќе падне меѓу 25% и 30%, а стапката на невработеност ќе се удвои.
Според него, независна Каталонија би била надвор од Еврозоната, со што за 75% од производите би се применувала царина, а регионот ќе мора да си создаде сопствена валута.
