Тевдовски: Нема потреба од аранжман со ММФ
Владата ќе се држи до програмата за работа и тоа се рамките во кои ќе се движи- вели министерот за финансии Тевдовски. Потенцира дека Владата апсолутно не размислува за зголемување на возраста на пензионирање...

Mакедонија нема потреба од стенд- бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд. Владата ќе се држи до програмата за работа и тоа се рамките во кои ќе се движи- вели министерот за финансии Тевдовски.
За препораката за зголемување на старосната граница за пензионирање, потенцира дека Владата апсолутно не размислува за зголемување на возраста на пензионирање, но има простор да се применат дел од препораките, а меѓу нив и за зголемување на ефикасноста во јавните трошења.
Со ММФ имаме исклучително позитивна соработка. Нивните тимови работеа со тимовите на ММФ повеќе од две недели и договоривме продлабочување на соработката пред се на техничко ниво, изјави министерот, одговорајќи на новинарски прашања при денешната презентација на Програмата за упаравување со јавните финансии и отпочнување на процесот за јавни дискусии и консултации со засегнатите страни.
