Кина и Русија го прекинаа „маѓепсаниот круг“ со Северна Кореја

19.09.2017 14:34

Сергеј Лавров и Ванг Ли апелираа за изнаоѓање „мирно решение“ во врска со севернокорејскиот „маѓепсан круг“...

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ли остварија средба во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк, при што ја разгледале состојбата со севернокорејската криза.

Двајцата апелирале за изнаоѓање „мирно решение“ во врска со севернокорејскиот „маѓепсан круг“. Ванг Ли истакна дека нуклеарното прашање на Корејскиот Полуостров мора да биде решено со мирни средства и дека „меѓепсан круг“ мора да биде прекинат.

Лавров посочи дека Кина и Русија се „истомисленици“ по тоа прашање.