Убиени терористи од ПКК во Северен Ирак
19.09.2017 14:44
Операција била преземена откако било откриено дека борците на ПКК планирале да спроведат воени напади во Турција.

Четворица терористи од Курдистанската работничка партија (ПКК) биле убиени во напади на турската воена авијација во Северен Ирак. Операција била преземена откако било откриено дека борците на ПКК планирале да спроведат воени напади во Турција.
ПКК, која води вооружена борба против турската држава од 1984-та година, се смета за терористичка организација од Анкара, ЕУ и САД. Групата има бази во Северен Ирак.
