Утврден редоследот на гласачкото ливче за локалните избори

19.09.2017 15:31

Распределнеи броевите на гласачкото ливче за локалните избори што ќе се одржат на 15-ти наредниот месец. 19 партии и неколку коалиции ќе учествуваат на изборите. ВМРО-ДПМНЕ го доби бројот 7, коалицијата предводена од СДСМ 19, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 13, Алијансата на Албанците 9, ДУИ 3, БЕСА 14 и ДПА- 15. Интересот за локалната власт е огромен. Околу 800 кандидати за градоначалници и советници во 81 општина во земјава се пријавени да учествуваат на изборите на 15-ти октомври.

19 партии и коалиции, 63 независни кандидати за градоначални и совети ќе учествуваат на претстојните локални избори. Со жрепка во Државната изборна комисија беше утврден нивниот редослед на гласачкото ливче.

Од поголемите играчи на локалните избори трета на листата е ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ е со реден број седум, а коалицијата предводена од оваа партија е со реден број 13, БЕСА е 14-та на гласачкото ливче, а ДПА 15-та. Коалицијата предводена од СДСМ е на 19-то место.

Завршува рокот од пет дена во кој политичките партии можеа да достават барање за измени на податоците во Избирачкиот список. ДИК го заклучува списокот најдоцна до 24-ти септември.

Според Роковникот за локалните избори, најдоцна до 21-ви септември, општинските изборни комисии треба да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник.

Локалните избори ќе се одвиваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25-ти септември. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29-ти октомври. 

Миле Ристески