Измени во законите за градба

19.09.2017 15:45

Хаотичност во урбаната област. Таа мора да се запре- оценува ресорниот министер Сугарески. За ова набрзо ќе следува пакет- закони за уредување на планирањето и градењето...

Неопходни се суштински промени во Законот за градење за да се подобри бизнис- климата и спречи урбаниот хаос, заклучок од работилницата посветена на законските измени во урбанизмот. Министерот Сугарески најави дека ќе се олесни постапката за одобрение на градба, ќе се усогласува Законот за културно наследство, а помали казни ќе има за компаниите во градежниот сектор.

Од Државниот градежен инспекторат велат дека најчесто се соочуваат со пропусти од општините. Издавале одобренија за градба за кои немале надлежност и не постапувале по поплаките на граѓаните.

Промени ќе има и во Законот за просторно и урбанистичко планирање. Преку дебата треба да се утврди, колкав процент при изградбата треба да биде опфатено со зеленилото.

Од 2009- тата година, Законот за градење претрпел промени 25 пати, информираше министерот без ресор Шапуриќ. Најави дека дебатите ќе продолжат сѐ додека не се донесат квалитетни законски решенија.

 

Викторија Милевска