ДЗР: 70% од препораките во извештаите се спроведуваат
Речиси 70 насто од препораките што Државниот завод за ревизија по основ на неправилности во работењето ги регистриа во извештаите, буџетските институции ги спроведуваат. Подолг рок субјектите бараат ако да ги исправат нерегуларностите во делот усогласување со законите и прописите- велат од оваа институција...

Кај јавните набавки и усогласеноста на работењето со законите и прописите, Државниот завод за ревизија регистрира најмногу нерегуларности кај извршените контроли во буџестките институции. Сѐ помал е бројот на неправилности во финансиските извештаи откако има овластени сметководители. Околу 70 насто од препораките на ревизорите се спроведуваат или се спроведени – велат од оваа Институција.
„Доколку станува збор за препораки во делот на финансиските извештаи рокот на спроведување на препораките е релативно покус, но кога станува збор за препораки каде што субјектот треба да постапи во делот со усогласување со извесни закони и прописи, или во делот на законското користење на средствата, самата препорака бара повеќе од 90 дена за негово спроведување“, посочува Цвета Ристовска, помошник на главниот државен ревизор.
Доколку има сомнеж за неправилности за постапување, Државниот завод за ревизија извештаите ги испраќа до Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција, до каде заклучно со мај годинава адресирана била и ревизијата за ефикасноста и работењето на системот за управување и контрола на Јавниот здравствен дом- Куманово и на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија.
„Поконкретно во текот на 2016 година до ОЈО Скопје биле поднесени ревизорски извештаи на НУ Филмски фонд на РМ и извештај од ревизијата на успешноста на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта на Македонија пат Скопје. Истата година до ОЈО Кочани бил доставен извештај за работењето на општина Кочани“, вели Габриела Димовска од Центарот за економски анализи.
На интернет- страницата на Државниот завод за ревизија се објавени речиси сите извештаи за ревизија на регуларности, но во извештајот за транспарентноста на оваа институција, изготвен од фондацијата за демократија Вестминстер и Центарот за економски анализи, стои дека се премногу стручно конципирани и оттука недоволно јасни, став на медиумската јавност.
Сузана Фиданска- Стоевска
