Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд

20.09.2017 10:30

За утре се најавува облачно и доста свежо, со слаб локален дожд. Дневната температура ќе опадне за 10-тина степени.

Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, наместа проследен со ретки грмежи и со засилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Дневната температура ќе се движи од 17 до 33 степени.

За утре се најавува облачно и доста свежо, со слаб локален дожд. Дневната температура ќе опадне за 10-тина степени. В петок и за време на викендот се очекува стабилизација, со свежи утра и пониска температура.

Иако календарски летото сѐ уште не е завршено, синоќа во реонот на Горски Котар во Хрватска и во Словенија падна првиот снег.