Заев на сесија за отворено владино партнерство
Како новоизбрана влада, еден од нашите највисоки приоритети е да покажаме дека знаеме да слушаме. Отворени сме за информациите што се бараат од нас, рече премиерот Заев во обраќањето на сесијата во Обединетите Нации, Отворено владино партнерство- враќање на довербата во владата.

„Владите кои сакаат да им служат на своите граѓани треба да бидат отворени со нив, а не да калкулираат со нивните потреби“- премиерот Зоран Заев во обраќањето на сесијата на „Отвореното владино партнерство“ на тема- Враќање на довербата во владата. Рече дека Македонија беше во политичка криза која произлезе од прислушувањето на граѓаните кое ја наруши нивната приватност, по што тие ја загубија довербата во институициите.
Новата Влада на Република Македонија ги менува начините на владеење- сакаме да ги слушаме нашите граѓани бидејќи без нивниот повратен ефект ние чекориме во темнината. Довербата е клучна за транспаретните демократии- вели претседателот на македонската Влада.
„Да ѝ дадеме живот на транспаретноста и учество на граѓаните. Да ја вратиме довербата во Владата и демократијата. Како новоизбрана Влада еден од нашите највисоки приоритети е да покажаме дека знаеме да слушаме. Ние сме подготвени да бидеме отворени со информации што се бараат од нас. Сакаме да ги слушаме нашите граѓани бидејќи без нивниот повратен ефект ние чекориме во темнината. Градиме систем на механизам за консултации со нашата влада и минстри. Сакаме да ја промениме културата на комуницирање. Националниот акциски план на отвореното владино партнерство треба да промовира поголема отвореност и повеќе можности за поблиска соработка меѓу сите чинители“, нагласи во својот говор премиерот Заев.
Буџетската транспарентност и одговорноста на владините институции беа посочени како клучни точки за кои ќе се залага владиниот кабинет. Информира дека Министерството за информатичко општество, во соработка со институиции, граѓански организации и дипломати во нашата земја го координира процесот на акциските планови за подобро функционирање на системот.
„Треба да се изоди долг пат до оваа цел, а фокусот го држи оваа иницијатива“- заклучи премиерот Заев на отвореното владино партнерство, во кое Македонија во 2011-та година стана 35 земја- членка.
Борба да се обезбеди повторно довербата. Говорниците констатираа дека демократиите се во криза. Се согласија дека владите треба да преземат акција граѓанинот да го вратат на прво место. Ќе успеат ли во мисијата?
Стојан Трпчевски, специјален известувач од Њујорк за МРТ
