Владата го усвои Предлог- законот за амнестија

20.09.2017 10:49

Текстот ќе биде ставен на увид на јавноста во единствениот национален електронски регистар на прописи.

Владата го усвои Предлог- законот за амнестија, ќе оди во редовна постапка. Со него нема да бидат опфатени лица осудени на доживотен затвор и за тешки кривични дела, велат од Владата.

Текстот ќе биде ставен на увид на јавноста во единствениот национален електронски регистар на прописи. На тој начин до него ќе имаат пристап и експертите, од граѓанскиот сектор, но и сите засегнати страни, информираат од владината прес-служба.

Според претходно изменетата одлука, јавната расправа за предлог-законот ќе трае 20 дена.