Земјотрес со интензитет од три степени утринава во Охрид

20.09.2017 10:58

Земјотресот е регистриран во 8:49 часот. Бил почувствуван од населението во Охрид и околината...

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала утринава е почувствуван во Охридскиот регион, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е регистриран во 8:49 часот, а епицентарот бил на 10 километри источно од Охрид.