Заев ќе учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг
Во текот на денот, македонскиот премиер ќе има билатерална средба со еврокомесарот Хан, а ќе присуствува и на вечерата што ја приредува шефицата на европската дипломатија Могерини.

Премиерот Заев денеска во Њујорк ќе учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг, на кој ќе учествуваат шефови на држави и влади, како и претставници на најголемите светски компании.
Во текот на денот, македонскиот премиер ќе има билатерална средба со еврокомесарот Хан, а ќе присуствува и на вечерата што ја приредува шефицата на европската дипломатија Могерини. Премиерот Заев, ќе присуствува и на приемот во организација на премиерот на Хрватска, по повод 25 годишнината од членството на оваа земја во ОН.
Заев пред Генералното собрание на Обединетите Нации ќе се обрати в петок.
