Лондон: Итна евакуација поради закана од бомба
20.09.2017 11:53
Во операцијата учествуваат и специјални кучиња, обучени да трагаат по експлозив.

Во Лондон во тек е евакуација поради бомбашка закана. Областа околу улиците „Ливерпул“ и „Моргејт“ е блокирана од страна на полицијата, а на местото се присутни и експерти за деминирање.
Во операцијата учествуваат и специјални кучиња, обучени да трагаат по експлозив. Во меѓувреме, двајца мажи биле уапсени во Велс под сомнение дека се вмешани во минатонеделниот терористички напад во лондонското метро.
Полицијата соопшти дека до сега биле уапсени пет лица. Во нападот беа повредени 30 луѓе, а одговнорноста ја презеде Исламска држава.
