Шекеринска: Должни сме да го одржиме сеќавањето на загинатите бранители

20.09.2017 12:11

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Херои на Македонија 2001“, се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 и настаните во Куманово...

Должни сме како граѓани за чија безбедност и иднина ги положиле животите припадници на оружените сили, да го одржиме сеќавањето на нив, рече министерката за одбрана Шекеринска на отворањето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Херои на Македонија 2001“, што се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 и настаните во Куманово.

Тоа треба да го правиме секојдневно, исклучително ми е драго што денеска тоа го правиме на еден посебен начин, преку спортот. Онаму каде што зборовите се недоволни, излишни и несоодветни таму уметноста, музиката и спортот многу подобро го изразуваат чувството, нагласи Шекеринска.

Таа истакна дека во знак на почит и Министерството за одбрана има свој тим на овој меморијален турнир.