Уапсен потпретседателот на шпанската влада

20.09.2017 12:15

Полицијата влегла во просториите на локалните министерства за економија, за внатрешни и надворешни работи, телекомуникации и просториите на даночната управа.

Шпанската полиција го уапси потпретседателот на владата и официјално лице од министрството за економија, Хозеп Марија Хова за време на рација во неколку административни објекти.

Полицијата влегла во просториите на локалните министерства за економија, за внатрешни и надворешни работи, телекомуникации и просториите на даночната управа.

Според БИ-БИ-СИ, полицијата трагат по документи поврзани со забранетиот референдум за независност, планиран за 1-ви октомври.

Властите во Каталонија сакаат да се одобри референдумот и покрај противењето на централната влада во Шпанија и одлуката на Врховниот суд за суспендирање на гласањето.