Современиот балет „14 часа“- вечерва во МОБ

15.02.2014 15:33

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен современиот балет „14 часа“, најнова продукција на МОБ.

Балетското дело низ 12 сцени ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Во балетската претстава настапуваат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Трајче Стојковски.