Ермира Асани Салија од БЕСА предложена за нов члeн на ДИК

20.09.2017 12:32

Салија доаѓа на местото на Бедредин Ибрахими од ДПА, бидејќи БЕСА е 4-та партија според бројот на пратеници во Собранието.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата го утврди предлогот на движењето БЕСА, Ермира Асани Салија да биде нов член на Државната изборна комисија. Доаѓа на местото на Бедредин Ибрахими од ДПА, бидејќи БЕСА е 4-та партија според бројот на пратеници во Собранието.

Асани Салија е член на централното претседателство на партијата. Изборот на новиот член на ДИК е на дневен ред на денешната пленарна седница.