Ураганот „Марија“ се движи кон Порторико и Девствените Острови

20.09.2017 12:47

Гувернерот на Порторико предупреди дека „Марија“ може да го погоди островот со таква сила и разорна моќ, како што не се видени со децении.

Ураганот „Марија“, кој достигна петта категорија, се движи кон американските Девствени Острови и Порторико, откако претходно го погоди малиот карипски остров Доминика. Истовремено, и тропската бура „Хосе“ може да нанесе штета на американското источното крајбрежје.

Гувернерот на Порторико предупреди дека „Марија“ може да го погоди островот со таква сила и разорна моќ, како што не се видени со децении.

Властите ги предупредија граѓаните во дрвените куќи или слаба конструкција да најдат побезбедни засолништа.

Американскиот претседател Трамп прогласи вонредна состојба во Порторико и американските Девствени Острови.