Почна собирањето потписи за референдум за зголемување на породилното отсуство

20.09.2017 12:50

Се бара законско решение за зголемување на породилното отсуство од сегашните 9 на 18 месеци. Потписите може да се собираат до 7-ми октомври.

Во подрачните канцеларии на ДИК, почна собирањето на потребните 10 илјади потписи за распишување референдум што го покренува граѓанската иницијатива 450 породилно.

Се бара законско решение за зголемување на породилното отсуство од сегашните 9 на 18 месеци. Потписите може да се собираат до 7-ми октомври.

Од граѓанската иницијатива очекуваат поддршка, со која мајките ќе остварат платен одмор поради бременост, раѓање и родителство во времетраење од 18 месеци.