ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев призна дека влијаел на тендерите

20.09.2017 13:30

Ова е само доказ дека со право реагиравме за злоупотреба на неговата службена положба, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Анѓушев потврди дека ја користи функцијата вицепремиер во владата за да влијае врз тендерските постапки распишани од државните претпријатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е само доказ дека со право реагиравме за злоупотреба на неговата службена положба, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кочо Анѓушев дополнително јавно призна дека управителите во неговите фирми се само статисти, а тој е оној кој одлучува за бизнис зделките на  неговите фирми, и дали ќе го добијат или не тендерот од државата. Кочо Анѓушев ги потврди тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во постапката во која „Фероинвест“ се јави како понудувач, а ЕЛЕМ како корисник на услуги има судир на интереси, бидејќи фактор на одлучување и кај двете страни е Анѓушев“, нагласува тој.

Според Стојаноски, Анѓушев потврди дека ја злоупотребил својата службена положба. И дека истата може да ја искористи по своја волја.