Иванов изрази сочувство за жртвите во Мексико
20.09.2017 13:47
Претседателот Иванов упати писмо со сочувство до неговиот мексикански колега, Енрике Пења Нието...

Претседателот Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до неговиот мексикански колега, Енрике Пења Нието. Жали за загубените животи во катастрофалниот земјотрес.
„Дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Сигурен сум дека со вашето лидерство, Соединетите мексикански држави брзо ќе ги надминат последиците од оваа природна катастрофа“- се вели во писмото од Иванов до Пења Нието.
