Судска разрешница и меѓународна истрага за „Диво насеље“

20.09.2017 13:53

Судскиот процес за кумановските настани продолжи со завршните зборови. 37-ина се теретат за тероризам и за терористичка организација. Обвинителството бара доживотен затвор, одбраната тврди дека не се виновни. Освен судска разрешница за случајот „Диво насеље“, Владата ќе побара и меѓународна истрага, најави министерот за внатрешни Спасовски...

Ќе има меѓународна истрага за кумановските случувања во Диво насеље, потврди ресорниот министер Оливер Спасовски. За тоа кој стои зад овие настани и кои се извршителите  јавноста ќе дознае откако ќе се спроведе отворена истрага. Оваа влада сака да се расветлат сите детали за Диво насеље, додаде Спасовски.

Во кривичниот суд тече судскиот процес против обвинетите во овие случувања. Завршните зборови меѓу другите ги дадоа Ирфан Љутфиу познат како маалскиот бербер и Фазли Османи, земјоделец. Нивниот бранител Алиспахиќ изјави дека неговите клиенти не може да се осудуваат за дело тероризам кое подразбира атак врз цивили. Освен тоа против нив нема издржани докази дека учествувале во настаните.

На претходните рочишта обвинителството во завршниот збор побара од судот врз основа на доказите, да бидат прогласени за виновни за умисла и намера за тероризам, а за висината на казните обвинителството му остави на судот  да одлучи.

Судењето за „Диво насеље“ почна во февруари минатата година. Во овој случај обвинети се 37 лица за тероризам и за терористичка организација.

 

Фиљана Кока