Невреме во светот
Големо невреме во САД. Снежните врнежи и ледот предизвикаа големи проблеми во источниот дел од земјата.
25-мина го загубија животот во 22 држави е прогласена вонредна состојба. Околу сто илјади домаќинства се без електрична енергија, откажани се стотици летови, патничкиот сообраќај во некои делови е во целосен прекин, а во голем верижен судар во Пенсилванија повредени се триесетина.
Метеоролозите ги предупредија жителите на Канада дека невремето пратено со ветер кој дува со 95 километри на час се приближува кон нив. Затворени се повеќе автопатишта, и издадено е предупредување граѓаните да не излегуваат од дома.
-„Многу сме загрижени. Се намалуваат резервите на храна и вода. Моравме да го затвориме ресторанот од безбедносни причини“, вели Марија Критис - сопстевник на ресторан.
Невреме и во Јапонија. Најмалку три лица го загубија животот а 850 се повредени. Целосно е блокиран патничкиот и железничкиот сообраќај. Досега се откажани 628 лета. Метеоролозите и за следните денови најавуваат обилни врнежи од снег.
Во Велика Британија пак силниот ветер и обилните дождови ја парализираа земјата. Властите издадоа предупредување од можни полави во 400 области . 49 –годишна жена го загуби животот откако дел од зграда се урна врз нејзиниот автомобил, како последица на силниот ветер, која на моменти дува со 130 километри на час. Британскиот премиер Дејвид Камерун се извини поради неспособноста на Владата да се справи со кризата. И кралското семејство се виклучи во санирање на штетите од поплавите. Проблеми со водената стихија и во Франција и во Шпанија. Во шест области во Франција е прогласена портокалова фаза на опасност. Метеоролозите предупредуваат дека може да биде погоден и Париз.
Марија Петковска
