Навремена дијагноза и лекување за децата со нарушен раст

20.09.2017 14:44

За да се избегнат последиците кај децата со нарушен раст, мора да има навремена дијагноза и лекување. Од Здружението на деца со ендокринолошки заболувања апелираат од недостиг на потребната терапија...

Задоцнета дијагноза и ненавремено лекување доведуваат до сериозни последици кај децата со нарушен раст, велат од Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања. Лекувањето и добивањетона терапија остануваат проблеми со кои во земјава се соочуваат стотина деца. Во моментов поради технички проблеми, дваесет деца ќе останат без терапија, обвинија од Здружението.

Според лекарите, откривањето на проблемот е од особено значење, некои децакај нив доаѓаат доцна. Надлежните ветуваат помош.

Од Здружението со апел до родителите- контролирајте ја височинатана децата најмалку двапати годишно. Ако забележите дека детето носи ист број на облека подолго од една година, пониско е од неговите врсници и сите го надминуваат, побарајте совет од лекар.

Наташа Јанчиќ