Со 10.000 потписи продолженото породилно во Собрание

20.09.2017 15:53

Здруженијата за продолжување на породилното боледување собираат потписи. Со 10.000 иницијативата ќе се најде пред пратениците. Се бара родилките наместо девет, со приновата да останат 18 месеци.

Со 10.000 потписи барањето на здруженијата за продолжување на породилното оледување ќе влезе во собраниска процедура. Родилките наместо девет, да можат да останат 18 месеци со приновата. Отворени вратите на сите подрачни канцеларии на Државната изборна комисија низ земјава до 7- ми октомври.

Девет месеци е премалку, многумина од мајките и не се враќаат на работа бидејќи немаат каде да ги остават своите најмили, а градинката ја гледаат како последна опција, велат од граѓанска иницијатива. Според нив, бебињата после осум месеци веќе распознаваат мајка, татко и тогаш мајката треба да тргне на работа да го остави со баби, дедовци или уште полошо во установа.

Граѓаните ги поддржаа, велат дека зголемувањето на породилното отсуство ќе влијае и на наталитетот.

Иницијативата е насловена како Пеленска револуција или 450 дена породилно отсуство. Првиот обид во Собранието од пред неколку месеци беше одбиен од пратениците поради неуредност. Сега очекуваат разбирање од државните институции.

Ана Јосифоска- Тодоровска