Лидерите на Западен Балкан на средба со Могерини и Хан во Њујорк
Уште еднаш е потврдена јасната поддршка на ЕУ за проширување на Западен Балкан. Европската унија продолжува со поддршката на сите партнери за остварување на реалните цели за да биде напредокот неповратен до крајот на овој мандат на лидерите на Унијата.

Средба на премиерите и претседателите од Западен Балкан со шефицата на европската дипломатија Могерини и со еврокомесарот за соседска политика и проширување Хан во Њујорк, во рамките на сесијата на Генералното собрание на ОН.
Уште еднаш е потврдена јасната поддршка на ЕУ за проширување на Западен Балкан. Европската унија продолжува со поддршката на сите партнери за остварување на реалните цели за да биде напредокот неповратен до крајот на овој мандат на лидерите на Унијата.
Лидерите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот премиер Зоран Заев, ги потврдиле нивните напори за работа на реформите во делот на правдата, владеењето на правото, основните права, регионалната соработка и односите во соседството.
