Ураганот „Марија“ го опустоши Порторико

21.09.2017 10:29

Маж загина во невремето на Порторико. Ураганот „Марија“ го опсутоши островот и целосно го прекина снабдувањето со електрична енергија. Воведен е и полициски час. Ова е најсилната бура во последните 100 години.

Ураганот Марија ја зеде првата жртва во Порторико. Над 3,5 милиони луѓе се без струја, а делови од островот се соочуваат со катастрофални поплави. Орканот којшто ослабна до втора категорија, се оддалечува од територијата на САД и се движи кон Доминиканска Република.

Воведен е и полициски час до сабота наутро со цел да се заштити и тргне народот од улиците коишто се преполни со отпад, остатоци од уништени предмети и урнатини. Марија е најсилната бура во Порторико во последниве сто години.

„Го мразам островов. Уништен е, се е отпад. Насекаде има урантини. Сакам да си заминам зашто нема струја, нема училиште, нема ни вода. Не е добро да се живее сега овде.“

Властите вложија максимални напори за да го обезбедат населението. Отворени се и засолништа за стотици луѓе.

„Не очекува тежок период. Но не губам верба во нашата упорност и способност да изградиме се повторно. Порторико ќе преживее. Ние ќе се рватиме на нозе, а со поддршка од надвор, ќе станеме посилни од кога и да е“, вели Рикардо Росела,  гувернер на Порторико.

Според Националниот центар за урагани, бурата ќе мине северно од Доминиканска Република, па потоа ќе ги погоди островите Туркс и Кајкос и југоисточниот дел од Бахамите. На Доминика веќе усмрти седуммина.

 

Маја Филдишев