Денеска е Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица
21.09.2017 10:52
Раѓањето на мајката на Христос е поврзано со спасението. Јоаким и Ана, кои немале деца 50 години, се родители на Марија, која станува свршеница на праведниот Јосиф...

Денеска е православниот празник, Рождество на Пресвета Богородица, кај верниците попознат како Мала Богородица. Раѓањето на мајката на Христос е поврзано со спасението. Јоаким и Ана, кои немале деца 50 години, се родители на Марија, која станува свршеница на праведниот Јосиф.
Празникот се прославува во сите православни цркви во земјава, како и во храмот „Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“, заштитничка на главниот град на Македонија.
