Приведено едно лице за настаните во Собранието од 27-ми април

21.09.2017 11:01

Приведено е лицето И.Ј. (47) од Куманово поради основано сомневање за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, соопшти МВР...

Од страна на овластени службени лица при СВР Куманово по претходна наредба од Основно Јавно Обвинителство Скопје, а во врска со настаните од 27-ми април во Собранието на Република Македонија, приведено е лицето И.Ј. (47) од Куманово поради основано сомневање за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека за истото лице постои централен распис од СВР Скопје- Оддел за насилен криминал за основано сомневање за сторено кривично дело „Учество во толпа што  ќе изврши кривично дело“, како и локален распис од СВР Скопје- НККР Бит Пазар за основано сомневање за сторено кривично дело- разбојништво.