Протести во Барселона

21.09.2017 11:31

Каталонија го закажа гласањето на први октомври. Премиерот Маријано Рахој ги повика сепаратистите да се откажат од плановите.

Стотици демонстранти излегоа во Барселона, откако шпанската полиција влезе во Каталонската влада и уапси неколку лица, со цел да се спречи организирањето на референдумот за независност.

Каталонија го закажа гласањето на први октомври. Премиерот Маријано Рахој ги повика сепаратистите да се откажат од плановите.

Каталонија е богат регион во североисточна Шпанија, со 7,5 милиони жители, сопствен јазик и култура, но не е признаена како посебна нација од шпанската држава.