Мексико: Се трага по исчезнатите во урнатините од земјотресот

21.09.2017 11:37

Претседателот Нието прогласи тридневна жалост. Полицијата ги засили патролите за да спречи кражби и вандализам.

Спасувачите во мексико трагаат по исчезнатите во урнатините од земјотресот. Меѓу стотиците загинати има и многу деца. Дваесетина ученици настрадаа откако се урна училиште.

Претседателот Нието прогласи тридневна жалост. Полицијата ги засили патролите за да спречи кражби и вандализам. Помош за погодените региони најавија Ел Салвадор, Чиле, Израел и САД.

Ова е втор земјотрес месецов во Мексико.