Кривична пријава против градоначалникот на Штип, Илчо Захариев
21.09.2017 12:34
Градоначалникот се товари дека незаконски склучил договор со штипска фирма за уредување на градежно земјиште.

Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба. Градоначалникот се товари дека незаконски склучил договор со штипска фирма за уредување на градежно земјиште.
Штипскиот градоначалник, според пријавата, не ги наплатил потребните 1,9 милиони денари, туку извршил пребивање и наплатил само 332 илјади денари нанесувајќи и штета на општината и истовремено можност на фирмата незаконски да заработи повеќе од 1.5 милиони денари.
