Заев на дипломатски прием кај Трамп
21.09.2017 12:37
Овој прием, традиционално се организира за време на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Македонскиот премиер Зоран Заев со сопругата Зорица, беа на дипломатски прием кај американскиот претседател Доналд Трамп. Овој прием, традиционално се организира за време на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Заев оцени оти е ова убава можност за зацврстување на пријателствата и за остварување идни соработки во интерес на нашите држави.
Македонскиот премиер имаше и други билатерални средби, а присуствувал и на приемот по повод кандидатурата на Германија во Советот за безбедност на Обединетите Нации.
