Кумуцакос: Коѕиас нема мандат и кредибилитет за да разговара за името

21.09.2017 13:06

Оваа игра со националните прашања е завршена- изјави пратеникот од грчката опозициска Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, во Парламентот во Атина.

Коѕиас нема преговарачки мандат и кредибилитет за да разговара за името. Која е неговата позиција? Оваа игра со националните прашања е завршена- изјави пратеникот од грчката опозициска Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, во Парламентот во Атина.

Нова Демократија нема да го поддржи тоа, изјавил Кумуцакос за евентуалното надминување на разликата околу името.