ВМРО-ДПМНЕ: Царината потврди- нема извоз од Санос

21.09.2017 13:33

Според оваа партија, фабриката има само три вработени, а треба да произведе 70 автобуси.

ВМРО- ДПМНЕ го повика обвинителството да отвори постапка за скандалот со фабриката „Санос“, пред неосновано да почне исплаќањето милионски износи на државни субвенции. Според оваа партија, фабриката има само три вработени, а треба да произведе 70 автобуси.

„Бидејќи од институциите има молк денес бараме Агенцијата за вработување јавно да ја потврди информацијата дека „Санос“ има само 3 вработени и со тоа да го потврди целиот сомнеж дека некој сака преку оваа фирма да прави криминал и да испумпува народни пари на име на државни директни субвенции“, изјави Бојан Стојаноски.

Според информациите од медиумите царината потврдила дека „Санос“ нема направено никаков извоз, што е уште една потврда дека „Санос“ не произведува нови автобуси- велат од опозициската партија.