Салији: СЈО ќе стане дел од Јавното обвинителство

21.09.2017 15:21

Во стратегијата на Министерството за правда 2018-2022 се предвидува СЈО да стане дел од Јавното обвинителство во земјава, изјави министерот Салији, во резимето за 100-те дена работење...

Специјалното јавно обвинителство ќе стане дел од Јавното обвинителство. Ова е предвидено со Нацрт- стратегијата за реформи во правосудството до 2022 година, изјави на прес- конференцијата, ресонриот министер Билен Салији, по презентирањето на отчетот за сработеното во првите сто дена.

Во затворите казна одлежуваат над 3.000 луѓе, а близу 4.000 чекаат да одлежат, затоа со Законот за амнестија, вели Салији, Владата сака да ги растовари казнено поправните установи. Тој ги отфрли шпекулациите дека предизборно се спроведува амнестијата.

Министерот посочи дека ќе бидат земени предвид сите забелешки на експертот Прибе. Се подготвуваат Закони за заштита на сведоци, измените на Законот за Советот за утврдување факти и за Судскиот совет. Посотојат идеи за повторни постапки за предметите за кои се смета дека биле политички монтирани.

 

Фиљана Кока