По лозарите и тутунарите се опарија

15.02.2014 16:02

Семејство Здравевски е едно од 27-те илјади семејства во Македонија кои добија по 60 денари субвенција за секој килограм предаден тутун. Ова велешко семејство произвело околу 2500 килограми , по просечна цена од 176 денари предале 2000 килограми.

Парите и за предадениот тутун и од субвенциите главата на семејството вели сеуште се во банка.

„Моментално не ни се земени од банка но сега почнува пролетната сеидба , почнуваме со нови засади со леи, орање ниви да најдеме, па ке ги трошиме во таква намена нешто и домашни потреби да се подновиме дома “, вели Слободан Здравевски, земјоделец.

Владата останува посветена во подршката на земјоделците, буџетот е во добра кондиција вели министерот Ставревски потенцирајки дека оваа влада настојува да привлече што повеќе инвеститори како во земјоделието, така и во другите индустриски гранки.

„Во изминатиот период вршевме исплата на лозарите и тоа е целосно извршено, исто така започна исплатаа на тутун ,преку 27 илјади граѓани производители на тутун  веќе ги добија субвенциите од сите откупни комбинати. Значајно е дека околу милијарда и двеста милиони денари веќе се исплатени  во вид на субвенци на тутун“, рече Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

За тутунот кој деновиве се откупува Ставрески вели дека субвенциите ќе бидат исплатени скоро.Тој најави дека  наредната недела  и сточарите ќе се опарат. Според  планот на Агенцијата за потикнување на земјоделството и  ресорното министерство овчарите ќе бидат први.

Во велешко со земјоделие се занимаваат околу 5 илјади земјоделци.Субвенциите и средствата од ИПАРД  програмата велат го доближува домашното до европското земјоделство.

Дијана Иванова