20.000 луѓе во Македонија боледуваат од Алцхајмер, 10% се покриени со терапија
Околу 20 илјади луѓе во Македонија боледуваат од Алцхајмер. Само 10 проценти се покриени со терапија. Лекарите посочуваат- потребна е навремена дијагноза...

Второ невролошко заболување по мозочен удар, е Деменција, Алцхајмер. Со зголемување на животниот век, расте и бројот на пацинети со оваа болест, велат лекарите. Според податоците во земјава има 20.000 пациенти со Алцхајмер, од нив само 10 проценти се лекуваат, голем дел од граѓаните со оваа болест се дома и се лекувани со погрешна терапија.
На одбележувањето на Светскиот ден беше и актуелниот министер за здравство, кој е и кандидат за градоначалник. Новинарите го прашаа до кога планира да ја врши функцијата.
На Македонија е потребна Национална стратегија за навремено откривање на Алцхајмер, каква што имаат земјите во регионот. Населението старее, лековите дејствуваат само ако правовремено се открие болеста и соодветно се третира.
Наташа Јанчиќ
