Уште еден приведен за насилството во Собранието
Приведен 47- годишен жител на Куманово. Досега се бараше за учество во топла што ќе изврши кривично дело, за собраниските настани од 27-ми април. На осомничениот уште во мај му беше определен притвор. Се барал и за разбојништво...

Уапсен е 47 годишн Кумановец кој веќе неколку месеци не беше достапен на органите на прогонот. Полицијата го привела утрово. Се товари за учество во толпа во настаните што се случија на 27-ми април во Собранието на Република Македонија.
За ова дело во СВР Скопје постоел централен распис. Од МВР информираат дека лицето се сомничело и за разбојништво за што пак од Полициската станица Бит Пазар имало локален распис. Во мај му е одреден и притвор.
Решени сме докрај да ги расчисчтиме настаните од 27-ми април, рече министерот Спасовски, додавајќи дека без разлика дали сатанува збор за припадник на македонската полиција или за обичен граѓанин, законот мора да важи за сите. Тврди, секој мора да биде достапен за правдата, толеранција нема за никого.
Наташа Гркова- Петрушевска
