Премиерот Заев ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

22.09.2017 08:04

Делегацијата предводена од премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествува на 72-то Генерално собрание на ОН кое неделава се одржува во Њујорк...

Претседателот на владата Зоран Заев, вечер по македонско време, ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Во текот на денот ќе има и средба со Генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш. Заев ќе говори и на конференцијата „Нов старт за Балканот“, во организација на УНДП.

Изминатите денови македонскиот премиер учествуваше на повеќе настани и имаше низа средби со лидери од Европската унија, но и со негови колеги од други земји. Вчера со сопругата присуствуваше и на приемот што го организираше американскиот претседател Доналд Трамп.

Македонската делегација во Њујорк имаше разговори со претставници на македонската дијаспора, но и со бизнисмени.

Премиерот Заев е придружуван од шефот на дипломатијата Никола Димитров и од министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.