Мексико: Речиси 300 жртви од земјотресот
22.09.2017 10:15
Според најновите податоци, 272 лица загинаа во земјотресот во Мексико. Најмногу жртви има во главниот град.

Мексиканските власти ја демантираа информацијата дека има живо девојче под урнатините на училиштето „Енрике Ребсамен“, што се урна од катастрофалниот земјотрес. Од урнатините спасиле 11 деца.
Според најновите податоци, 272 лица загинаа во земјотресот во Мексико. Најмногу жртви има во главниот град.
Потесот од 7,1 рихтер погоди неколку мексикански држави. Ова е втор земјотрес месецов во регионот.
