Продолжува судскиот процес за случајот „Диво насеље“

22.09.2017 10:19

Во претходните расправи, некои признаа дека биле дел од групата, други пак негираа дека се терористи. Одбраната тврдеше дека нема цврсти докази за делото за коешто се обвинети.

Ново продолжение на судското рочиште за „Диво насеље“ со завршни зборови на обвинетите. Во претходните расправи, некои признаа дека биле дел од групата, други пак негираа дека се терористи. Одбраната тврдеше дека нема цврсти докази за делото за коешто се обвинети.

Министерот за внатрешни Спасовски најави и меѓународна истрага за кумановските случувања. Рече дека за тоа кој стои зад овие настани и кои се извршителите, јавноста ќе дознае откако ќе се спроведе отворена истрага. 

Обвинителството во завршниот збор побара обвинетите да бидат прогласени за виновни.

Во случајот се обвинети 37-мина за тероризам и за терористичка организација. Во настаните во Куманово загинаа 8 припадници на безбедносните сили, а околу 40 беа повредени.