Се зголемува бројот на загинати во ураганот „Марија“

22.09.2017 11:02

Претседателот на САД Доналд Трамп прогласи состојба на голема катастрофа во Пороторико...

Ураганот „Марија“ усмрти 30 лица во Порторико и на Доминика каде што стигна како бура од четврта категорија. Дваесет се водат за исчезнати.

Претседателот на САД Доналд Трамп прогласи состојба на голема катастрофа во Пороторико и нареди активирање на федералната помош, вклучувајќи и неповратни средства за обнова на уништените имоти.