Северна Кореја: Трамп скапо ќе плати за својот говор

22.09.2017 11:44

Причина за одлуката е говорот на американскиот претседател Доналд Трамп пред Генералното собрание на ОН, во кој шефот на Белата куќа се закани со целосно уништување на Северна Кореја.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најави воведување на најстроги контрамерки во историјата кон САД. Причина за одлуката е говорот на американскиот претседател Доналд Трамп пред Генералното собрание на ОН, во кој шефот на Белата куќа се закани со целосно уништување на Северна Кореја.

Во меѓувреме, Трамп воведе нови санкции врз поединци и компании кои соработуваат со Пјонгјанг.

Три европски авиокомпании ќе ги променат маршрутите над Јапонија заради неодамнешните севернокорејски ракетни проби.